Во последната епизода на „Spy in the Wild“ на BBC мајмун-робот, опремен со камери, ја снима реакцијата на див орангутан во природата, кој учи како да користи рачна пила.
Во еден момент изгледа како орангутанот и лажниот мајмун се натпреваруваат кој прв ќе го исече дрвото, но тоа што може да се заклучи на крајот е дека орангутаните се неверојатно паметни животни.