Македонците најслаби пивопијци во екс-Ју

На Instagram страницата на Geografski kutak беше споделена интересна мапа која покажува кои всушност се најголемите пивопијци во земјите од поранешна Југославија.

Страницата Geografski kutak секојдневно споделува интересни податоци и инфографици поврзани со географски податоци поврзани со земји од светот и регионот. Меѓу последните објави на оваа страница, тие решија на мапа да претстават кои се најголемите пивопијци во поранешна Југославија.

„Бидејќи најмалку половина од годишниот просек веројатно ќе се пие во наредните денови, вистинското време е за оваа мапа“, наведоа во објавата.

На картата е прикажан бројот на испиени литри по глава на жител годишно, а на прво место меѓу земјите од поранешна Југославија е Хрватска, каде годишно се трошат 72,1 литар пиво по жител.

На второ место е Словенија, каде во просек годишно се пијат 69,7 литри по жител. По неа следи Црна Гора со 67,4 литри во просек.

На четврто место е Босна и Херцеговина со 63,7 литри по жител. Србија е претпоследна со 62,2 литра по жител, а убедливо најмалку пиво во регионот пијат Македонците кои просечно пијат само 33,5 литри годишно, барем така тврдат од Geografski kutak, но без да наведат од каде им се податоците.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Geografski kutak (@geokutak)

Треба да се има предвид и дека во земјите кои на годишно ниво имаат многу туристи, како Хрватска благодарение на своето преубаво јадранско крајбрежје, во просекот влегуваат и многуте литри пиво испиени од странските посетители.

Во коментарите, Србите наведуваат дека кај нив национален пијалак е ракијата, па затоа слаби се со пивото.

Во Македонија причината за крајно слабиот просек е веројатно тоа што се пие и многу вино.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Живот

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more
 

Магазин

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе