Според пишувањата на бугарските медиуми, 53-годишен македонски државјанин починал на паркинг во ски-зоната Кулиното крај Разлог.
Според порталот Струма.бг на човекот му се слошило и тој паднал пред очите на жената и на детето. Тројцата биле отседнати во Банско, но решиле да скијаат во Кулиното. Откако пристигнале на паркингот, почнале да ги вадат скиите од автомобилот, но тогаш мажот паднал на земја.
Веднаш е побарано помош, но кога Брзата помош пристигнала на местото на настанот констатирале смрт. Се претпоставува дека станува збор за силен срцев напад.
Телото на починатиот е однесено во Разлог, а семејството одбило да прави аутопсија.