Атлетската репрезентација на Македонија заврши на седмото место на Европското тимско првенство - трета лига што викендов се одржа во Скопје.
Тринаесет репрезентации се натпреваруваа во неколку дисциплини на Националната арена „Тоше Проески“ изминативе два дена. На крајот најуспешни беа атлетичарите од Исланд кои со освоеното прво место изборија пласман во повисок ранг за наредната година.
Треба да се издвои настапот на Јован Стојоски кој постави нов државен рекорд на 200 метри откако истрча за време од 21,35 секунди. Стојоски победи и на трката на 100 метри трчајќи за 10,73 секунди.
Победа оствари и Дрита Ислами на трката на 400 метри со време од 1:00,81 минути.