Македонија со победа стартуваше на Светското првенство во ракомет

Македонската репрезентација со победа од 34:30 (13:14) над Тунис стартуваше на 25 Светско првенство. Македонија мечот го доби со пресврт во последните 19 минути, кога успеа да ја стигне предноста на противникот од четири гола.

Тежок исцрпувачки натпревар одиграа избраниците на Линио Червар во Мец против Тунис. На крајот победи нивната желба, добрата тактичка и физичка подготвеност, и брилијантната игра на играчите со најдолг стаж во репрезентацијата: Лазаров, Стоилов, Миркуловски, Манасков…

Македонија добро започна со 2:0, но Тунис одговори со серија од три гола до деветтата минута. Следуваше период во кој наизменично се постигнуваа голови сè до 18 минута кога Македонија се одвои на 10:8, нешто повеќе не дозволи тунискиот голман Мусауи кој одбрани четири зицери, а првиот дел го заврши со 10 интервенции.

Одбраните на својот голман Тунижаните ги претворија во еден гол позитива по првиот дел (13:14).

Стартот на вториот дел го донесе најлошиот период во играта на македонската селекција. Лошо функционираше нападот, во ситуација кога Македонија играше „седум на шест“ во нападот, Тунис постигна три гола и во 36 минута достигна предност од четири гола (16:20).

Пет минути подоцна предноста на Тунис остана иста 20:24, но од таа 41 минута Македонија започна да го „меле“ противникот.

Тунижаните веројатно охрабрени од предноста започнаа да играат грубо во одбраната, нивната преагресивна игра судиите ја казнуваа со исклучувања. Македонија во 47 минута израмни на 25:25, нерешено беше и во 51 минута кога следуваше еден блиц-криг на Македонија од четири гола, со кои практично беше решен победникот.

Кире Лазаров одигра брилијантен натпревар – постигна 12 голови (12/16 шут), во чекор го следеше Стоилов со седум гола, а Манасков постигна пет.

Кај Тунис најефикасни беа Бугами со девет и Теж со седум гола, додека голманот Мусауи имаше 12 интервенции.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе