Секторот за внатрешни работи - Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Б.А. (28) за извршени кражби на 27-ми и на 29-ти минатиот месец. На Б.А. е определена мерка притовор во траење од 30 дена.

Како што соопшти МВР, првата кражба, ја извршил додека лежел во Државна болница во Одделот на токсикологија, при што искористувајќи го отстуството на пациент од соба бр. 2 го отворил шкафот за чување на лични работи и одзел мобилен телефон марка „самсунг Д 900 И“ стекнувајќи се со противправна имотна корист од 12.000 денари. Случајот е пријавен на 29-ти минатиот месец и истиот ден е извршен службен разговор со Б.А. кој го признал делото и телефонот му е одземен.
Во соопштението се наведув дека откако бил ослободен, осомничениот се упатил кон улица „Васил Главинов“, каде околу 13 часот пред Тутунска банка извршил кражба на 5.400 денари од М.Б. од Скопје која поминувала покрај него, а парите ги држела во раце. Б.А. ја турнал и ги грабнал парите од раце и се упатил кон мостот „Гоце Делчев“ каде бил фатен од униформиран полициски службеник и приведен во Полициската станица „Центар“. Б.А. е препознат од М.Б. во полицската станица, парите му се одземени и вратени на оштетената.
Осомничениот веќе е евидиран како сторител на имотни деликти.