» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Промовиран спотот "Охрид - град на светлината"

Четврток, 02.07.2009 |

Маркетинг-агенцијата „Њу момент“ денеска го промовираше спотот „Охрид - град на светлината“ (Ohrid - City of Light“) - трет од владиниот проект „Македонија вечна“, кој од денеска ќе се прикажува на Си-Ен-Ен за туристичка промоција на Македонија.

Се работи за видеоприказна за која инспирацијата за насловот е старото име на Охрид - Лихнидос, т.е. град на светлината. Во шеесет секунди се претставени знаменитости на балканската лулка на културата, уметноста и религијата, цркви и манастири, добрата храна и и бисерите, а сето тоа раскажано низ визуелна игра на светлината и сенките.

Спотот е идеја на авториски тим од агенцијата „Њу момент“, изработен по сценарио и режија на Душан Дракалски, директор на фотографија е Слободан Трник-Трн, фотограф Ѓорѓи Клинчаров, а продуценти на спотот се Филип Димитров и Горан Саздановски. Спотот е сниман пет дена и ги прикажува препознатливите локации на Охрид - Плаошник, селото Трпејца, Св. Наум, Св. Перивлепта, стариот град и куќата на Робевци... Во креирањето е вклучена 70-члена екипа, а вкупниот буџет е 80.000 евра.

Во спотот се појавуваат Мето Јовановски, Каролина Гочева и Николина Кујача. Ќе се прикажуваат две веризии на спотот - едната со музика на композиторот Дуке Бојаџиев и втората со музика на групата „Фолтин“.

- Градот е претставен во еден ден. Се трудевме повеќе да опфатиме културни локации, зашто не верувам дека странците ќе посветат многу внимание на плажи, хотели... Ова е претставување на една земја. Сепак, сметам дека направивме примамлив спот, изјави режисерот Дракалски.

- Се трудевме да влеземе сериозно во прашањето на националното брендирање и се трудевме пораката која ќе ја дадеме да биде издржлива и да предизвика емоции, истакна Сашо Пешев, директор на „Њу момент“.

Во рамки на кампањата за промоција на Македонија беше изработен еден носечки спот „Македонија вечна“ на Милчо Манчевски. Потоа Владата распиша конкурс за пет спотови за сегментирано раскажување на приказната за Македонија - спотот на Игор Иванов за туристичко промовирање на земјава, на Манчевски - „Манастирите на Македонија“ и денеска промовираниот спот за Охрид. Остануваат уште два тематски спота - за македонското вино и за археологијата во Македонија.

Македонија
10.03.2010 | 22:07
САД продолжуваат да го поддржуваат процесот кој се води под покровителство на ОН за изнаоѓање решение за спорот за името меѓу Грција и Македонија. Ова го истакнуваат во Американската амбасад...
Сите денешни вести

Kajgana.com
10.03.2010 | 16:23

Вечерва од 20:45 на распоредот има уште две осмина финални пресметки во Лигата на шампиони, а се среќаваат Реал Мадрид - Лион и Манчестер Јунајтед - Милан. Шпанците мора да надокнатат минус еден од првиот меч, додека Јунајтед има предност од Милано од 3-2... 

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Чиле, 10 дена подоцна

Десет дена по страшниот земјотрес во Чиле со магнитуда од 8.8 степени во кој животот го загубија стотици луѓе, напорите за помош на чилеанските власти и странските организации конечно почнаа да допираат до...

Kajgana.com | http://kajgana.com

Triana Iglesias

Триана (или по нашки - Трајана) е норвешки фото модел со шпанско потекло, која пред неколку години направи бум на насловните страници на FHM, Slitz и Playboy. Моментално работи како репортер за...

Kajgana.com

Хистерично женско стампедо

Однапред се извинуваме ако некој се најде навреден од насловот, но навистина не знаеме како поинаку да го наречеме лудилото кое се случи за време на отворањето на првата H&M продавница во Тулуз, Франција...

Kajgana.com

Самоодбрана: како да ви го скршат носот

Tеоријата си е теорија, мора да се знае. Исто како што вреди да се спомене дека има бројни докази дека таа во пракса не функционира секогаш како што треба. Еве една мала лекција на оваа тема... 

Kajgana.com

Дувна ветре развигорче

Силен ветер и фудбал - најинтересната глетка која може да се забележи на спортските терени. По ненадејниот напад на рекламните банери, пристигнува ова видео, каде ветрот го претвори овој слободен удар во најневеројатниот...

Kajgana.com

Воздушен егзибиционизам

Храброст ли е, лудост или само глупавост она што го прави Дин Потер, ние нема да коментираме. Тоа вие одлучете откако ќе го погледнете егзибиционизмот кој се случува на 2.500 метри во воздухот во (или над) Патагонија...

Kajgana.com

Кога камионите ќе полетаат

Идејата за камион побрз од било кој авион на прв поглед „не пие вода“, ама кога ќе видите за каква грдосија од камион станува збор - работите стануваат малку појасни. Еве ја и трката :) 

Kajgana.com

Старо-нова диџеј сензација

Во морето на диџеи, Мами Рок дефинитивно отскокнува. Делумно поради специфичниот аутфит, делумно поради препознатливиот музички стил, но најмногу поради фактот дека има 69 години, а жари и пали по клубската сцена... 

Kajgana.com

Holmenkollen Ski Jump

Нашиот личен рекорд е 127 метри. Мислите дека можете да скокнете повеќе? Притиснете SPACE за да почнете, уште еднаш SPACE за да скокнете, контролирајте го летот со стрелките (лево-десно) и...

Kajgana.com

Home Sheep Home

Релаксирачка игра која сигурно ќе ви го задржи вниманието. Контролирате 3 овчички со различни атрибути, а пред вас се поставени разни препреки кои ќе ви го отежнат движењето. Ваша задача е да...

Kajgana.com

Robot run

Избегнувате пречки, убиствена плазма и остри сечила, прескокнувате експлозивни боци и собирате ѕвездички за повеќе поени. Колку долго ќе издржите?

Kajgana.com

Primary

Интересна флеш авантура која мора да ја испробате. Вие го контролирате Рој, мало човече, кое е способно да ја менува бојата и своите способности, за да навлезе во различни делови од кулата полна со непредвидливи...

Kajgana.com

Metatron Beach Soccer

Изберете го вашиот омилен тим, соблечете ги обувките и почувствувајте ја песочната фудбалска магија. Ако победите повеќе од 2 натпревари, тогаш треба да се сметате себеси за профи играч.

Kajgana.com

Winterbells

Winterbells е можеби најдобрата флеш игрица на која може да налетате во зимскиот период. Одлично изработена, релаксира со прекрасниот избор на музика и едноставниот гејм плеј. Ако сеуште ја немате пробано, не ја пропуштајте.

© 2005-2010 Kajgana Media