» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Разбиена меѓународна криминална група која криела мигранти од Кина

Полициската Единица за борба против трговија со луѓе и криумчарење мигранти, денеска реализира случај на криумчарење мигранти, при што е разбиена меѓународна оганизирана криминална група составена од македонски, српски, кинески и грчки државјани.

Во акцијата под псевдоним „Канис“, во координација со МВР на Србија и СЕКИ центарот во Букурешт, разбиена е криминалната група, која подолг временски период вршела криумчарење на мигранти по потекло од Кина, кои преку Србија, Македонија и Грција заминувале во западно европските земји.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски денеска на прес - конференција соопшти дека од слобода се лишени 24 членови на криминалната група, од кои во Македонија  во текот на денешниот ден се приведени вкупно 12 лица, од Скопје, Куманово и Гевгелија. Меѓу нив е и еден полициски службеник.

Од слобода се лишени 12 членови на групата и тоа Ј.Ј.(37) од Богданци Гевгелија, Н.Р.(28) село Селемли-Богданци Гевгелија, И.М.(34), М.М.(27) од село Алгуња Куманово, Г.В.(32) од Скопје, Д.Д.(25) од Скопје, Г.М.(38) од Куманово, М.К.(41) од Куманово, З.Д.(37) од село Богородица Гевгелија, В.Д.(29) од село Стојаково Гевгелија, С.В.(30) од Куманово  и С.В.(27) од село Четирце Куманово. Организатори на криумчарењето на мигрантите во земјава биле Горан Велков, припадник на ЕБР од Скопје и Јане Јовановски од Богданци.

Сите се приведени во полициската станица „Гази Баба“ и заедно со кривичната пријава ќе бидат предадени на надлежен истражен судија.

Против нив денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти” и „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти”.  

- Во периодот од ноември 2008 до мај 2009 година  документирани се 11 „транспорти на мигранти”, со кои преку овој „канал“ се прокриумчарени вкупно 35 кинески државјани, рече Котевски.

Котевски појасни дека според досегашните сознанија кинеските мигранти по воздушен пат пристигнувале во Белград, од каде со возила биле превезувани до српско-македонската граница, и на илегални премини во близина на Куманово, биле префрлани на македонска територија, каде биле прифаќани од членови на групата-македонски државјани. Мигрантите со возила биле пренесувани до македонско – грчката граница, и на илегален премин во близина на Гевгелија, влегувале во Грција од каде заминувале во некоја од западноевропските земји.

Портпаролот на МВР информира дека се извршени претреси во домовите на сите лица лишени од слобода.

- При извршен претрес во домот на три од  приведените лица, кои не се припадници на македонското МВР, пронајдени и одземени се полициско рото светло, службена легитимација на припадник на МВР без фотографија, така наречена фантомска црна маска, еден пиштол марка „Бровинг патент„ калибар 9 милиметри, еден гасен пиштол марка „Екол„ со 10 патрони,  регистарски таблици од возила и други предмети кои биле користени при транспорт на мигрантите со цел да бидат избегнати полициските контроли, нагласи Котевски. Одземени се и седум  автомобили  за кои постои сомнение дека биле користени при транспортот на мигрантите.

Kajgana.com
Македонија
30.07.2010 | 16:02

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниот викенд ќе изврши авионска и терестична дезинсекција, против возрасни комарци на поширокото градско подрачје...

Kajgana.com
30.07.2010 | 18:13

Барса во рамките на подготовките за новата сезона одигра пријателски натпревар со моментално второпласираната екипа во Норвешка, кој беше прекинат на кратко поради владеењето на силата на љубовта :)

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Галичка свадба 2010

Традиционалната манифестација Галичка свадба одржана по 47-ми пат во село Галичник, Мавровско. Младоженците оваа година беа Љупка Талеска и Филип Шотароски. Одиме на прошетка низ фотографии?

Kajgana.com | http://kajgana.com

Врело низ фотографии

Пештерата Врело е лоцирана во кањонот Матка и е систем од две (надводна и подводна) пештери, а се смета како една од најдлабоките во Европа и светот. Одиме на фото прошетка?

Kajgana.com

Холандија има талентиште

Сузан Бојл и Пол Потс ги знаете доволно добро, откако почнаа да ви излегуваат од фрижидер и да ви урлаат севдалинки, ама признајте, одамна атмосферата во кујна ви е тивка. Епа, време е да се запознаете со Мартин Хуркенс (32) пекар...

Kajgana.com

King O е цар

Дека внатрешноста е поважна од изгледот покажува и папагалот King O на кој можеби му фали “по некоe“ пердувче, ама затоа со карактерот целосно надоместува. Еве зошто за оваа посебна, распеана и разденсана птица беше...

Kajgana.com

Белците можат да скокаат

Светското фудбалско првенство заврши, кошаркарското е пред почеток, па во паузата за да не ви е досадно имаме предлог спорт за вас за кој до денес не ни знаевме дека постои, а камо ли дека е и атрактивен!

Kajgana.com

Пар-Кинг

Господинов доаѓа од Нов Зеланд, го сруши рекордот во екстремно паркирање, но ние би му ги направиле сите метании и почести само ако успее да излезе од паркинг местото. Инаку, џабе паркирањето :)

Kajgana.com

Не се секирај, мама е тука

Наместо да се обидеме со придавки да ја опишеме грижата на мајката и да наликуваме на клише за состав по македонски јазик од петто одделение, ќе оставиме видеото само да ја покаже силината на мајчиниот инстинкт...

Kajgana.com

Фудбалче на гооолеми голови

Секоја година во Ашбоурн, Англија се одржува најголемиот, најстариот и најбизарниот фудбалски натпревар во светот. Во играта учествува целиот град, а головите се оддалечени 5 километри...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

Kajgana.com

Beach Skill Soccer

Добра игрица која со задоволство може да ја "плескате" додека чекате да почне следниот натпревар од Светското првенство. Жонглирајте и држете го фудбалот во воздух. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.

Kajgana.com

Војна на паразитите

Целта на играта е да ја раширите вашата колонија на паразити на сите клетки и со тоа да го совладате противничкиот паразит. Колку етапи ќе успеете да доминирате? Бирајте мудро. Команди: Кликни и повлечи.

Kajgana.com

The Slob

Испробајте ги вашите способности за трчање и скокање во психоделичниот вонземски свет исполнет со чудни билки и други креации. Не е битно дали ви е јасна приказната, битно - завршете ја лизгавата патека до крај...

© 2005-2010 Kajgana Media