Во Собранието на Република Македонија седници денеска ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за труд и социјална политика и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за високото образование и Законот за учебници за основно и средно образование, двата во прво читање.
Комисијатa за труд и социјална политика ќе го разгледа Предлог законот за употреба на знаковниот јазик во прво читање, а пред Комисијата за транспорт, врски и екологија се Предлог-законот за електронско управување и Предлог-законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, и двата, исто така, во прво читање.