» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Собранието ја прекина 92.седница, продолжението в четврток

Понеделник, 08.02.2010 |

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја прекина работата по 92. седница во чии рамки попладнево почна расправата по Предлог-законот за служба во Армијата на Република Македонија.

Заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, образложувајќи ја потребата од предлагање нов закон за служба во Армијата на Република Македонија, истакна дека една од новините кои се предвидуваат со него е можноста за станбено обезбедување на воените и цивилните лица на служба во Армијата на Република Македонија, проблем кој, како што рече, се провлекува во изминатите 20 години.
 
- Досега Министерството за одбрана на име на надомест за превоз и закуп трошеше огромни средства од буџетот на Министерството. Начинот кој го предлагаме сега е да им овозможиме на професионалните војници и на вработените во Армијата трајно да го решат своето станбено прашање со субвенционирање на каматата од страна на Министерството, а нивната улога би била учество со 30 отсто од кредит. Втора новина е професионализацијата на дел од резервниот состав, посочи Димитриев.
Во рамки на обврските кои ги имаме со НАТО партнерите, рече Димитриев, обврзани сме еден дел од резервата го издигнеме на многу повисоко ниво во делот на обученост и опременост. 
 
- Република Македонија има обврска 1.800 припадници во резервниот состав да ги трансформира во активна резерва. Направени се допрецизирања во членовите од стариот закон. Со овој Закон е уредена сферата на хиерархијата во Армијата, материјата од системот на плати и надоместоци на плати, учеството на Армијата надвор од Македонија, и здравствената и физичката способност на воениот персонал, како и одредби кои го уредуваат начинот на школување и доусовршување, подготовка за враќање во цивилниот живот итн, додаде Димитриев. 
 
Пратеникот Горан Минчев од СДСМ рече дека Законот е еден од најлошо срочените закони кој според него, не соодветствува со европските текови.
 
- СДСМ понуди три предлози - до 55-годишна возраст поранешните професионални војници да бидат во резервниот армиски состав, втората варијанта е тие да бидат во други државни институции, или ако сето тоа не може, да им се даде 15.000 евра отпремнина на секој војник, додаде Минчев. 
 
Цветко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ рече овие лица имаат можност по навршување на својата 48 година од животот да примаат одреден паушал или надокнада од 7.000 денари, со тоа што ќе имаат обврска според потребите на армијата еднаш до два пати во месецот и оти за нив е обезбедено здравствено осигурување.
- Во овој временски период од навршување на 38 години до 48 години, кога се наоѓаат во активен резервен состав, тие ќе можат да склучат договор или да изнајдат можност за нивно вработување во одредени други институции, додаде Грозданов.  
 
Пратениците претходно во рамки на 92. седница констатираа дека Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1, во прво читање, е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.
 
Со Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем за Првиот заем за развојна политика - ДПЛ 1, државата се задолжува со 20,5 милиони евра за буџетска поддршка.
 
Според предлагачот - Министертвото за финансии, парите од заемот ќе бидат искористени за подобрување на извршувањата на јавните расходи, зајакнување на социјалната помош и одржување на стабилноста во финансискиот сектор. Заемот е одобрен од Бордот на директори, како резултат на исполнувањето на повеќе услови меѓу кои одржување буџетски дефицит од 2,5 отсто од БДП, имплементирање на првата фаза од даночната реформа на платите преку намалување на придонесите за социјално осигурување од 32,5 проценти од бруто-платата во 2008 година на 28,4 проценти во 2009, усвојување на Нацрт-измените на Законот за здравствено осигурување со цел воспоставување трезорска функција во јавниот здравствен сектор во рамки на ФЗОМ и за замрзнување на платите на администрацијата за цела 2009.
 
Заемот треба да биде повлечен во една транша на почетокот од годинава. Рокот на отплата е 25 години со грејс-период од осум години и либор за евро валута каматна стапка со варијабилен распон.
 
Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ова задолжување било предвидено во Буџетот за 2010 година. Овој кредит, посочи тој, е строго наменски и ќе биде контролиран од Светска банка.
 
Реплицирајќи на ставовите на опозицијата за постојано задолжување, Мукоски рече дека во 2005 година државниот долг на Македонија бил 39,5 проценти од БДП, а јавниот долг 46,9 проценти од БДП. Во 2009 година државниот долг, посочи тој, е 24,7 проценти од БДП, а јавниот долг 32,9 проценти од БДП.
 
- Во 2007 година оваа иста Влада предвремено врати 233 милиони евра кон Парискиот клуб, Светската банка, Европската инвестициона банка, Меѓународниот монетарен фонд, додаде Мукоски. 
 
Собранието денеска во рамки на 90. седница со 67 гласа „за“ и четири „против“ го донесе Предлог законот за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговските друштва основани од државата, општините или Град Скопје, по скратена постапка. Со Законот, што на иницијатива на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) го предложија координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на ДУИ, се овозможува наплата на долговите на  јавните претпријатија и трговските друштва основани од државата, општините и Град Скопје по основ на ДДВ, персонален данок и данок на добивка, на 120 месечни рати, со грејс-период од три години.  Ним ќе им бидат отпишани каматите доколку редовно ги отплаќаат долгот и тековните обврски.
 
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски продолжението на 92.седница го закажа за четврток.

Македонија
11.03.2010 | 17:16
Немањето на минимални стандарди за обезбедување е клучниот проблем поради кој зачестија грабежите на банки. И покрај апелите за зголемување на мерките за заштита на вработените и парите, од...
Сите денешни вести

Kajgana.com
11.03.2010 | 15:14

Капитенот на германската репрезентација Михаел Балак ќе остане во Челзи уште најмалку една година, објави денес...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Сцени од Кенија

Кенија е една од најразвиените и најубавите африкански земји, но во последните неколку години е изложена на серија негативни фактори кои константно ја уназадуваат земјата. Политички и племенски конфликти, нестабилни соседи (Сомалија, Судан, Етиопија...

Kajgana.com | http://kajgana.com

Чиле, 10 дена подоцна

Десет дена по страшниот земјотрес во Чиле со магнитуда од 8.8 степени во кој животот го загубија стотици луѓе, напорите за помош на чилеанските власти и странските организации конечно почнаа да допираат до...

Kajgana.com

Скејтери во развој

Секој обид за нов трик на тркалца или друга нестабилна површина, претставува потенцијален зародиш на нов интернет хит и отворена врата за стекнување слава од светски размери. Кога ќе размислиме подобро, некогаш е всушност...

Kajgana.com

Кога возењето на едно тркало и одењето по јаже не се доволни...

Од сите можни трикови на јаже на кои сме налетале на интернет, овој е убедливо најлудиот и најопасниот. Зошто? Затоа што вклучува мотор, еден екстра човек и перфектен баланс. Погледнете го Јохан Трабер, најпознатиот германски...

Kajgana.com

Хистерично женско стампедо

Однапред се извинуваме ако некој се најде навреден од насловот, но навистина не знаеме како поинаку да го наречеме лудилото кое се случи за време на отворањето на првата H&M продавница во Тулуз, Франција...

Kajgana.com

Самоодбрана: како да ви го скршат носот

Tеоријата си е теорија, мора да се знае. Исто како што вреди да се спомене дека има бројни докази дека таа во пракса не функционира секогаш како што треба. Еве една мала лекција на оваа тема... 

Kajgana.com

Дувна ветре развигорче

Силен ветер и фудбал - најинтересната глетка која може да се забележи на спортските терени. По ненадејниот напад на рекламните банери, пристигнува ова видео, каде ветрот го претвори овој слободен удар во најневеројатниот...

Kajgana.com

Воздушен егзибиционизам

Храброст ли е, лудост или само глупавост она што го прави Дин Потер, ние нема да коментираме. Тоа вие одлучете откако ќе го погледнете егзибиционизмот кој се случува на 2.500 метри во воздухот во (или над) Патагонија...

Kajgana.com

Holmenkollen Ski Jump

Нашиот личен рекорд е 127 метри. Мислите дека можете да скокнете повеќе? Притиснете SPACE за да почнете, уште еднаш SPACE за да скокнете, контролирајте го летот со стрелките (лево-десно) и...

Kajgana.com

Home Sheep Home

Релаксирачка игра која сигурно ќе ви го задржи вниманието. Контролирате 3 овчички со различни атрибути, а пред вас се поставени разни препреки кои ќе ви го отежнат движењето. Ваша задача е да...

Kajgana.com

Robot run

Избегнувате пречки, убиствена плазма и остри сечила, прескокнувате експлозивни боци и собирате ѕвездички за повеќе поени. Колку долго ќе издржите?

Kajgana.com

Primary

Интересна флеш авантура која мора да ја испробате. Вие го контролирате Рој, мало човече, кое е способно да ја менува бојата и своите способности, за да навлезе во различни делови од кулата полна со непредвидливи...

Kajgana.com

Metatron Beach Soccer

Изберете го вашиот омилен тим, соблечете ги обувките и почувствувајте ја песочната фудбалска магија. Ако победите повеќе од 2 натпревари, тогаш треба да се сметате себеси за профи играч.

Kajgana.com

Winterbells

Winterbells е можеби најдобрата флеш игрица на која може да налетате во зимскиот период. Одлично изработена, релаксира со прекрасниот избор на музика и едноставниот гејм плеј. Ако сеуште ја немате пробано, не ја пропуштајте.

© 2005-2010 Kajgana Media