Македонија

Уапсен Велија Рамковски

24. декември 2010 - 0:30 | Кајгана

Синоќа е уапсен сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски. Освен Рамковски, неофицијално уапсени се и осуммина управители на фирмите од Перо Наков бб во кои пред неполн месец беа извршени финансиски контроли.

Апсењата следат по финансиските контроли кои инспекторите на УЈП ги извршија пред неполн месец.

Како што дознаваме, меѓу уапсените е и Анета Кочишки, директорката на А1 Телевизија.

Инаку, Управата за Јавни Приходи (УЈП) се сомнева дека преку шест фирми на улицата „ Перо Наков“ бб изнеле и префрлиле 7, 5 милиони евра - неоданочени пари надвор од државава.

Претходно, УЈП најави дека до крајот на овој месец ќе излезе со детални согледувања и детално ќе ја запознае македонската јавност со случувањата на Перо Наков бб.

Во очекување сме на повеќе официјални информации.

Д.Л. | Кајгана / Фото: Архива Макфакс

Коментирај