Македонија

Македонска каменица со низа проекти за подигнување на безбедноста на сообраќајот

3. март 2017 - 14:23 | Кајгана

Македонска Каменица во изминатиот период реализираше низа проекти во насока на подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Во иднина планирана е реализација на нови инфраструктурни проекти во оваа општина. Овие активности на општината во координација со активностите на локалната полиција се причина 2016 година да се зарши без ниту една жртва на улиците во градот. Ова на денешната заедничка средба го констатираат Дарко Митевски, градоначалникот на општина Македонска Каменица и Претседателот на Републички совет за безбедност во сообраќаjот, м-р Стојче Стаменковски.

Градоначалникот Митевски истакна дека локалната самоуправа во изминатиот период реализирала повеќе проекти за подобрување на безбедноста во патниот  сообраќај, значаен дел од нив од  сообраќајно превентивен карактер реализирани во соработка со ОСБСП а со подршка од РСБСП.  Покрај тоа,  во рамките на општината се реализирани повеќе проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура а со цел создавање на услови за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Во таа насока Митевски  нагласи дека  е изработен сообраќаен проект за режим на сообраќај во централното градско подрачје во општина Македонска Каменица, изградена и асфалтирана е улицата “ФИЛИП ВТОРИ“ како важна улица за безбедно одвивање на сообраќајот,  изградени се нови паркинзи на улиците „28 – ми Август“, „Рударска “,а во тек е изградба на уште еден паркинг помеѓу улиците „Рударска„ и „Руенска“ и други важни проекти и  притоа најави дека во наредниот период  ќе се одвојуват повеќе средства за набавка и поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, изградба и реконструкција на повеќе градски улици и локални патишта.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  м-р Стојче Стаменковски истакна дека улогата на локалната самоуправа е исклучително важна за безбедно одвивање на сообраќајот и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Статистиката покажува дека на светско ниво и во Република Македонија има тенденција на зголемувањае на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди случени во населено место.  Соработката помеѓу РСБСП и општина Македонска Каменица во изминатиот период е исклучително позитивна и на високи ниво.

На средбата беше иницирана изработка на локална стратегија за безбедност во сообраќајот и беше констатирано дека  дека во иднина ќе се работи на уште посилен ангажман, за засилено сообраќајно едукативно дејствување  и издигнување на безбедноста на учесниците во сообраќајот како приоритет не само на општината туку и на граѓаните. Едноставно,  општествено економскиот развој на било која општина неможе да се оствари без да се создадат услови за безбедно учество во сообраќајот затоа што покрај големите економски загуби, последиците од сообраќајните незгоди се  уште потешки и се од потежок хуман карактер. 

Коментирај