Македонска ракометна репрезентација: Во добра атмосфера и со голем ентузијазам за Франција

Македонската ракометна репрезентација, вечерва ќе отпатува за Франција, каде на 11. јануари ќе започне Светското првенство. Македонија својот прв меч ќе го одигра ден подоцна против Тунис. Селекторот Лино Червар во Франција носи 19 ракометари, од списокот последни отпаднаа Мартин Велковски и Ласко Андоновски.

„Со ова Светско првенство започнува четири годишниот циклус, создаваме една нова репрезентација која може да го оствари сонот, Македонија да игра на Олимписки игри“, рече селекторот на прес конференцијата пред заминувањето за Франција.

Предводникот на Македонија, нагласи дека е задоволен од тоа како ракометарите одговориле на неговите барања во подготвителниот период, повтори дека не може веднаш да гарантира резултат, но дека неговите избраници ќе дадат сѐ од себе на секој натпревар.

„Стартната позиција не е ветувачка, не сакам да бидам погрешно разбран, но ние на СП не одиме со бело знаме. Мило ми е што противниците нѐ гледаат како аутсајдери во групата заедно со Ангола. Не треба да се создава притисок врз играчите бидејќи во тимот имаме голем број на дебитанти“.

„Работевме добро на подготовките. Најважно е што сите сме здрави. Физички и тактички сме многу добро подготвени, а на самите натпревари ќе се покаже дали е тоа доволно или не. Во секој случај во добра атмосфера и со голем ентузијазам одиме за Франција“, се надоврза на излагањето на селекторот, капитенот на репрезентацијата Кире Лазаров.

Оваа македонската репрезентација која е спој на младост и искуство ќе претставува голема мистерија за противниците, бидејќи во подготвителниот период само еден, од трите натпревари, на репрезентацијата беше отворен за јавноста.

Червар најавува дека репрезентацијата е подготвена за плитка и длабока дефанзивна формација, а во нападот, во зависност од ситуацијата во нападот Македонија ќе игра со шестмина или седуммина без голман.

„Задоволен сум како игравме во контролните натпревари. Ракометарите го прифатија она на што секогаш инсистирам дека репрезентацијата е поголема од секој поединец. Задоволен сум од агресивноста која ја покажуваме во одбраната. Во одбраната можеме да одиграме плитка зона 6-0, но и длабока 5-1“, рече Червар.

Првиот противник на Македонија ќе биде Тунис и тој натпревар може да го одреди патот на македонската репрезентација на претстојното Светско првенство.

„Нема да навлегуваме во прогнози и математики, секогаш излегувало спротивното кога сме се обидувале да прогнозираме. Можеме да се носиме со секого, мислам и со најсилните репрезентации, така и ќе се однесуваме, а секој меч ќе настојуваме да победиме. Во групата Ангола е аутсајдер на хартија, но сметам дека таа може да биде понезгоден противник и од Тунис“, смета Лазаров.

„Посакувам без притисок и во добра атмосфера да ги одиграме натпреварите. Стартуваме со Тунис, наш стар должник од олимписките квалификации. Тоа е само мотив повеќе да стартуваме со победа“, рече повратникот во националниот тим Филип Миркуловски.

Боите на Македонија на Мундијалот во Франција ќе ги бранат: Никола Митревски, Кирил Колев, Благојче Трајковски, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Велко Маркоски, Филип Талески, Марко Нелоски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски и Влатко Митков.

Македонија натпреварите на Мундијалот ќе ги игра во Б групата, во Мец. Првиот меч со Тунис, Македонија ќе го одигра 12. јануари од 17:45 часот, потоа на 14. јануари од 20:45 часот е мечот со Ангола, два дена подоцна од 17:45 часот е пресметката со Словенија, а на 18 и 19 јануари од 20:45, односно 17:45 часот противници на македонските ракометари ќе им бидат Шпанија и Исланд. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе