Македонската книжевност има многу да ѝ понуди на Европската Унија

Заштитата и промоцијата на мајчиниот јазик преку литературата беше темата на втората дебата од серијалот #Culture Talks, што ја организираше денеска Europe House во Скопје.

На дебатата, која се одржа по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, како што информираат од Министерството за култура, беше истакнато виталното значење на овој ден за промоција и заштита на сите јазици, но истовремено и за подигнување на свеста за лингвистичката и културна разноликост.

Панелисти на дебатата беа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, редовната професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и директорка на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, д-р Весна Мојсова-Чепишевска, лауреатот на Европската награда за литература, Петар Андоновски и лекторот по македонски јазик Дејан Василевски.

Како голем чекор во заштитата на мајчиниот јазик беше посочен проектот за дигитализација на досиејата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во контекст на овие активности, министерката Костадиновска-Стојчевска напомена дека за да ја заштитиме литературата, претходно мора да работиме, да го негуваме мајчиниот македонски јазик и да ги сочуваме секој дијалект и секоја буква.

Костадиновска-Стојчевска го изрази своето задоволство што македонскиот јазик е признаен како официјален во Европската Унија и ги напомена активностите кои се преземаат во насока на негова заштита и промоција.

Таа нагласи дека годинава во културата се прославуваат неколку значајни јубилеи и во тој контекст се поддржани неколку проекти на Институтот за македонски јазик, преку кои достојно ќе биде одбележан нивниот седум децениски јубилеј, како и одбележувањето на 120 години од објавувањето на книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи“.

Министерката за култура се осврна и на поддршката на манифестациите кои имаат огромно значење за промоцијата на нашиот јазик, како што се Струшките вечери на поезијата и Семинарот за македонски јазик, литература и култура. Таа потсети дека годинава поддршка добиле 500-тини наслови на близу 40 манифестации во издавачката дејност.

Амбасадорот Гир истакна дека со задоволство се приклучува, како што рече, на оваа прослава на мајчиниот јазик. Тој додаде дека за него англискиот јазик е мајчин јазик, јазик со кој е лично поврзан и чувствува дека има предност што зборува на јазик што е широко распространет, исто како што тоа, на пример, го чувствува некој од Шпанија.

За неговото познавање на македонската литература, амбасадорот Гир рече дека неговите соработници секогаш се трудат да го запознаат со тоа што нему му причинува задоволство. Тој додаде дека македонската книжевност има многу да ѝ понуди на Европската Унија.

- Ваквите настани се фасцинантни и многу излагања овде ми ги отворија очите. Оваа култура има што да каже, не само тука, туку и во ЕУ, додаде Гир.

Директорката на Семинарот за македонски јазик, литература и култура Мојсова-Чепишевска, истакна дека нашата литература опстојува низ минатото без разлика колку бил негиран македонскиот јазик.

Во врска со прашањето зошто малку се изучува македонскиот јазик, Мојсова-Чепишевска рече дека квантитетот не секогаш дава квалитет, а македонскиот јазик треба да го изучуваат оние студенти кои вистински го сакаат јазикот и кои вистински сакаат да го применуваат.

- Македонскиот јазик треба да го учи најдобриот, тој што вистински сака да го учи. Писателите се една добра армија која го чува јазикот, а преку преводот тие стануваат европски автори, рече Мојсова-Чепишевска.

Таа посочи дека имаме десет лекторати на македонски јазик во светот, кои имаат образовна и едукативна цел, но остваруваат функција и на културна дипломатија. Таа посочи дека состојбата не е, како што рече, розова, но не е ни лоша, и дека има напори да се отворат лекторати и во Турција и во Кина.

Писателот и лауреат на Европската награда за литература, Петар Андоновски, истакна дека активностите на Семинарот за македонски јазик, литература и култура за промоција на македонскиот јазик се навистина значајни, но не може целата борба да падне на грижата на поединци и во врска со тоа повеќе треба да направи државата.

Андоновски ја истакна потребата од формирање Агенција за книга, која ќе работи на промоција и афирмација на македонската книжевност во светот. Тој ја посочи и важноста од учеството на саемите на книгата, особено на оној во Франкфурт, каде треба да се има поразличен пристап во промоцијата.

Лекторот Василевски ги сподели своите искуства во однос на примената на македонскиот јазик и додаде дека состојбата со примената во повеќе аспекти е лоша.

- Македонските автори се трудат да пишуваат литературно. За преводите, примената е послаба, според мене, тоа е заради ниските цени на преводите. Лоша е состојбата во примената на македонскиот јазик во медиумите и интернет порталите кои речиси и да немаат лектор, се пласираат информации кои воопшто не се лекторирани, истакна Василевски.

Тој додаде дека потребна е поголема контрола на примената на јазикот и истакна дека тоа ќе се уреди со новиот Инспекторат за примена на македонскиот јазик, чие формирање е предвидено со новиот Предлог-закон за употребата на македонскиот јазик.

Во дебатата свои размислувања на посочената тема дадоа и студенти, новинари, лектори, библиотекари и други.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе