На граничниот премин Комо Брогеда на италијанско-австриската граница, полицијата уапсила 40-годишен македонски државјанин, во чиј автомобил открила три килограми кокаин.
Македонскиот државјанин, чиј идентитет не се наведува, патувал со луксузен автомобил марка „BMW 7“ и изјавил дека се враќа од Холандија и патува за Албанија.
При контрола на возилото биле откриени три пакетчиња од по 1 килограм чист кокаин, скриени во посебно направен дел во внатрешноста на луксузниот автомобил. Одземени се и возилото, како и два мобилни телефона.
Уапсениот македонски државјанин, кој е пренесен во затворот Басоне во Комо, според италијанските медиуми ќе одговара за меѓународна трговија со дрога.
Под ова обвинение му се заканува затворска казна од 6 до 20 години и парична казна од 26.000 до 260.000 евра.