ИЗМЕРЕНА НАД 10 ПАТИ ПОГОЛЕМА БРЗИНА ВО СПОРЕДБА СО 4G

Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје

Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје, со што обезбеди услови за тестирање на оваа нова технологија во реални услови. Ова е уште еден чекор кон воведувањето 5G во Македонија, што ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците.

„Неколку години наназад интензивно работиме на градење на новата инфраструктура на мрежата која ќе им ги донесе придобивките на 5G на нашите корисници. Досега неколку пати сме мереле 5G брзини, во лабораториски услови. Денес за првпат мериме брзини во реални услови, преку сигналот од првите 5G базни станици кои се поставени во центарот на Скопје. Ја имаме првата тестна 5G мрежа во земјава што ќе ни овозможи да бидеме подготвени за воведување на оваа технологија за сите корисници, кога ќе дојде моментот“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Целта на тестната 5G мрежа е тестирање на перформансите во реални услови со кои би се овозможиле нови услуги за корисниците, како на пример: супер брз фиксен безжичен интернет, VR (Virtual Reality) 3600 видео во живо, VR gaming во реално време, ultra-HD multi video streaming, итн. Тестирањата ќе се вршат во текот на 2020 година и врз основа на нив мрежата ќе се подготви за комерцијална фаза.

Со воведувањето на оваа технологија, не само што ќе се создадат услови за развој на информатичко-технолошко поле, туку пошироко, ќе се создадат услови за целосен економски развој на нашата земја. Ќе се смени начинот на кој функционира општеството, а придобивките ќе ги гледаме во сите сфери: медицина, образование, бизнис... 5G ќе почне да се имплементира во Европа од 2020 година, а целосна имплементација со сите нејзини напредни функционалности се очекува во периодот по 2025 година.

*Промотивен текст

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе