Македонските универзитети и годинава ги нема на Шангајската листа

Скопје, 15 август 2018 (МИА) – Универзитетите од Северна Македонија и годинава не се најдоа на Шангајската листа на најдобри 1.000 универзитети во светот.

На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2019 година, на прво место 17-та година по ред е Универзитетот Харвард, на второ Стенфорд од САД, а на трето британскиот Универзитет Кембриџ.

Во првите десет најдобри универзитети се и МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калтеч и Чикаго.

Во Европа, по Кембриџ и Оксфорд, најдобро рангирани се Универзитетот во Лондон, Универзитетот Цирих, британскиот Империјал колеџ и Копенхашкиот универзитет.

Од земјите во регионот, најдобро позициониран е Националниот универзитет во Атина меѓу 300 и 400 место, а Солунскиот „Аристотел“, Белградскиот и Загребскиот се меѓу 400 и 500 место. Љубљанскиот е меѓу 500 и 600, Мариборскиот и Сплитскиот меѓу 700 и 800, а на Шангајската листа се уште и универзитетите во Софија и во Нови Сад, кои се позиционирани меѓу 900 и 1009 место.

Најдобриот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на светската ранг листа е 1.568-ти. На национално ниво втор е Штипскиот „Гоце Делчев“ (3.279 во светот), трет е Универзитетот на ЈИЕ (3.881), четврти Државниот универзитет во Тетово (4.912), а на петто место е Битолскиот „Св. Климент Охридски“ (5.697).

Шангајската листа, што секоја година ја објавува универзитетот Циао Тонг од Шангај, е една од највлијателните листи која ги рангира најдобрите универзитети во светот.

Клучни критериуми за рангирање на универзитетите, меѓу другото, се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале на универзитетот или работат таму. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе