Свет

Македонските универзитети воопшто ги нема на листата 1.300 најдобри на светот

12. септември 2019 - 16:49 | А.С.

Универзитетот Оксфорд веќе четврта година по ред го зазема првото место на листата Најдобри универзитети на светот според Times Higher Education (THE) во која се опфатени 1.300 институции за високо образование во 92 земји.

САД доминираат на листата со 60 институции меѓу најдобрите 200, а вкупно 28 универзитети од Велика Британија се рангираа меѓу најдобрите 200, што е за еден помалку од лани.

На второ место е Институтот за технологија во Калифорнија, САД, додека на трето место е Кембриџ. Топ пет го заокружуваат Универзитетот Стенфорд и Институтот за технологија во Масачусетс, двата од САД.

Рангирањето се врши според следните критериуми: квалитет на образованието, истражувања, објавени научни трудови, дипломци кои даваат придонес за индустријата меѓународен имиџ.

Меѓу сите овие институции не се најде ниту една од Република Северна Македонија, додека од земјите од поранешна Југославија најдобро котираат универзитетите во Сплит (Хрватска) и во Љубљана (Словенија).

Коментирај