Макпрогрес со брендот Винчини две децении испишува слатка приказна за сите генерации

„Светот падна на Винчини“ беше насловот што осамна во еден наш медиум по информацијата дека производите со голема брзина и леснотија ги освојуваат светските пазари. Духовито во текстот пишуваше: „Да знаат во Јужна Америка какви слатки се произведуваат во Македонија извесно е дека и тие ќе побараат каде е Виница на географската карта.

Тоа е единствениот континент чии жители засега не ги вкусиле тортиците и ролатите „Винчини“, кои со години се произведуваат во виничката фирма „Макпрогрес“. Успехот на овој македонски бренд кој се најде на светски пазари се должи на динамичниот развој во последните неколку години, храбрите менаџерски одлуки, како и трудот и  професионалноста на вработените. 

Производите на Винчини се добро познатите слатки задоволства на сите генерации. Речиси и да не постои роденденска прослава, семеен излет или ужинка без вкусните тортици и колачиња на македонскиот бренд „Винчини“, производна линија на кондиторскиот лидер во Македонија и регионот - Макпрогрес.

Макпрогрес минатата година одбележа 25 години постоење со титулата - Најголемата компанија во кондиторската индустрија со најголем извоз во преку 50 земји во светот! Макпрогрес е успешен семеен бизнис, што поставува високо посакувани стандарди за квалитет во прехранбената индустрија. Денес, компанијата претставува дом и семејство на 550 вработени за кои не постојат граници во унапредување на вкусот и квалитетот на своите 350 производи поделени во 5 брендирани линии.

Производите на Винчини може да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, дури до Грендланд, Австралија и Северна Америка. 

Иако во јавноста често се говори дека недоволно ги цениме македонските производи и попрво би купиле некој странски бренд, производите на „Винчини“ со квалитет и добра понуда го покажаа спротивното. Во анкета која ја спроведе fakulteti.mk беше поставено прашањето токму кои се омилени македонски производи на младите луѓе. Слатките задоволства на „Винчини“ заслужно се најдоа на врвот на листата.

Производите на Винчини се популарни кај сите генерации. Домаќинките на социјалните мрежи се фалат како ги усовршиле рецептите за подготовка на торти, благодарение на готовите кружни кори на Винчини. А тортините и ролатите ги заблажуваат возрасните на прослави, настани и пријателски собири. 

 

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе