Свет

Макрон најави дека во наредните месеци ќе ги посети Заев и Рама

18. октомври 2019 - 17:44 | МИА

Париз, 18 октомври 2019 (МИА) – Францускиот претседател Еманеул Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел поздравувајќи ја храброста на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама најави дека наскоро ќе ги посети двајцата премиери, јави дописникот на МИА од Париз.

Тој денеска на прес-конференцијата истакна дека немало едногласност за датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија. Имало големо мнозинство, но голем број земји кажале „не“ за Албанија.

-Многу ги почитувам напорите на Еди Рама и на Зоран Заев. Двајцата се многу храбри. Очекувам да ги посетам во наредниве месеци. Тие работат и ние ќе ја завршиме работата. Но, да не се лажеме. Нам ни треба напредок во нашите процеси, па дури тогаш ќе можеме да отпочнеме разговори и со нив, ама не како досега, како што е вообичаено, бидејќи тоа веќе нема смисла, додаде тој.

Коментирај