Мал број од пријавените случаи за семејно насилство добиваат судска разрешница

Скопје, 4 декември 2019 (МИА) – Разочарувачки е фактот што наспроти статистичките податоци дека секоја трета жена во државава е жртва на семејно насилство, оваа бројка не е рефлектирана еднакво и во судските постапки, односно многу мал број од пријавените случаи кога станува збор за жртви на семејно насилство се процесуирани или ја добиваат својата разрешница во судските постапки.

Ова денеска го посочи Натали Петровска, извршна директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ на завршната конференција во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул за судски мониторинг) во организација на Коалицијата финансирано од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Би констатирале, додава Петровска, дека тоа најверојатно се должи на потребата од поголема сензитивност на институциите кои се први на фронтот во борбата против семејното насилство, така што, како што посочи таа, препораките во секој случај се во насока на поголема едукација на учесниците во постапките, меѓутоа и на институциите кои се на првата борбена линија во самите институции кои работат на оваа област, односно МВР, Центрите за социјални работи па дури и во јавните обвинителства.

– Анализите покажуваат дека во голема мера постапките кои се високо профилирани од областа на организираниот криминал и корупција упатуваат на тоа дека постапките најчесто трпат одлагање на почетокот при нивното иницирање, од влегување во суд до одржување на првото рочиште, односно давање воведни говори, смета Петровска.

Тоа, како што вели таа, беше случај со неколку од предметите меѓу кои и предметот „Траекторија“ кој застари за еден од обвинетите.

– Најчесто во иницијалната почетна фаза постапките трпат поголем број одлагања, меѓутоа застарувањето како концепт не е врзано исклучиво за одлагањата на судењата, зависат многу фактори, во случајов можеби би биле големиот број на докази што се предложени, а треба да бидат изведени во текот на целата постапка која може да претпоставиме дека може има услови да трае и повеќе од година дена, изјави Петровска.

Таа смета дека според статистиките со кои располагаат, завршување и официјализирање на една судска кривична постапка во прв степен тоа би било отприлика една до максимум две години.

– Имајќи го предвид тој параметар на движење на постапките и тие околности, не би требало со тоа темпо со кое се водат постапките да застарат предметите. Имавме прилично сериозни предмети кои беа водени токму во Основниот кривичен суд, не само што завршија релативно навремено и брзо, но и веќе се со правосилни пресуди, посочи Петровска.

Таа информира дека најчестата причина за одолговлекување на судските постапки што ја констатирале во текот на оваа година е неприсуството на странките во постапката, во најголема мера тоа е неприсуство на обвинетиот во постапката, некогаш неговиот бранител, но и отсуство на јавните обвинители во постапките.

– Можеби недоволниот човечки кадар со кој располага Обвинителството е некој директен причинител на оваа околоност, но како и да е не би требало да е нешто преку кое би можело целиот правосуден систем да помине односно одлагањето на судските постапки најмалку треба да биде базирано на отсуството токму на една од странките која впрочем е и државна институција, смета Петровска.

Реализацијата на проектот се базирала на набљудување на кривични предмети што се водат по новиот Закон за кривична постапка. Набљудувањето било спроведено од областа на семејно насилство и родово базирано насилство, како и од областа на организираниот криминал и корупција во основните судови на четирите апелациони подрачја во земјава.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе