Љубов и секс

Мали знаци што покажуваат дека партнерот повеќе не ве сака

13. декември 2016 - 12:40 | И.М.

Знае да биде тешко да забележите кога е дојден крај на вашата врска, особено поради фактот што гледате на нештата субјективно. Според искуство на повеќе луѓе на Reddit, има неколку мали знаци по кои може да забележите доколку партнерот повеќе не ве сака.

- „Не ви обрнува внимание кога сте заедно физички, чепка на телефон или носи слушалки“.

- „Сексот станува досаден и редок. И кога го имате, забележувате дека некаде се одлетани со паметот“.

- „Не ве кани на излегување, и почесто сака со пријателите да излегува“.

- „Не поттикнува средба.“

- „Индиферентен е за време на расправии, наместо страствено да си го брани мислењето или ставот“.

- „Не му е гајле дали можеби флертувате со некој, или некој флертува со вас. Може да глуми, но се чувтсвува дека не е реална грижата или љубомората“.

- „Малите слатки работи сега се пречекуваат со иритација, наместо со љубов“.

- „Не се нуди да ве измасира ако ве боли грбот“.

- „Не планира веќе заеднички патувања или нешто поголемо за во иднина“.

- „Ако порано ви го носел омиленото јадење или кафе што е подалеку од дома, сега одеднаш почнува да сфаќа дека му е оддалечено и ве убедува да јадете или пиете од ова во комшии“.

- „Се однесува како да не сака да те усреќи, туку како да спречи да сте несреќни, бидејќи тоа би било проблем за него“.

Коментирај