Четиринаесетгодишно девојче од Битола, заедно со нејзиниот татко О.И., во полицијата во Ресен пријавиле дека И.Н. (18) од Битола, кој е нејзин прв братучед и кој извесен период живеел во Ресен заедно со нив, во два наврати извршил полови дејствија над неа.
Првиот пат тоа се случило пред Нова Година и по нејзино кажување, била уплашена и не кажала ништо на нејзините родители.
Пред една недела, отишла во Битола кај нејзината тетка каде што дошол и нејзиниот братучед и половиот напад се случил по втор пат.
За тоа дознала тетка ѝ и веднаш му кажала на нејзиниот татко. ПС ОН Ресен презема мерки за целосно расчистување на случајот.