Малвер во лажна надградба на Windows 11 краде кориснички лозинки

Истражувачите од CloudSEK предупредија на лажна надградба на Windows 11, која крие малициозен софтвер кој краде податоци од веб-прелистувачи и паричници со криптовалути, објави BleepingComputer.

Лажниот Windows 11 се нуди на веб-локација која се пробива низ пребарувањата и ја имитира промотивната страница на Microsoft Windows 11.

Microsoft нуди алатка за надградба за корисниците да проверат дали нивниот компјутер го поддржува најновиот оперативен систем на компанијата. Еден од условите е поддршка за Trusted Platform Module (TPM) верзија 2.0, која е присутна на компјутери кои не се постари од четири години.

Цел на оваа кампања се корисници кои би сакале да инсталираат Windows 11 без да проверат дали нивниот компјутер има одредени спецификации.

Лажната веб-страница на Windows 11 има официјални логоа на Microsoft, фавикони и копче „Преземи сега“. Ако посетителот кликне на ова копче, ќе преземе ISO фајл што го крие извршниот фајл за нов малвер што краде податоци. Истражувачите на CloudSEK го нарекоа новиот малициозен софтвер „Inno Stealer“ поради неговата употреба на инсталациската програма Inno Setup Windows.

Интересно е што малициозниот софтвер деинсталира антивирусни производи, вклучително и безбедносни решенија од Emsisoft и ESET, веројатно затоа што овие производи го откриваат како малвер.

Inno Stealer може да собира колачиња од веб-прелистувач и зачувани лозинки, податоци во паричниците за криптовалути и други податоци.

Злонамерниот софтвер цели на голем број прелистувачи и крипто-паричници, вклучувајќи ги Chrome, Edge, Locks, Opera, Vivaldi, 360 Browser и Comodo.

Сите украдени податоци се копираат преку командата PowerShell во привремен директориум, се шифрираат и подоцна се испраќаат до команднио и контролниот сервер.

Злонамерниот софтвер може да преземе и дополнителен злонамерен код, што се случува само ноќе, веројатно за да го искористи времето кога жртвата не е на компјутер.

Ова не е првпат Windows 11 да се користи како мамка за ширење малициозен софтвер. Се препорачува да се избегне преземање ISO фајлови од сомнителни локации и да се надгради ОС само од контролната табла на Windows 10 или да се преземаат фајловите за инсталација директно од страницата на Microsoft.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Софтвер

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Read more

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Read more

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Read more

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе