Музика

Мама миа! „АББА“ се враќаат на сцена по 37 години

3. април 2019 - 15:44 | А.С.

Бјорн Улвеус од шведската поп-сензација „АББА“ им соопшти на обожавателите на групата што се распадна пред 37 години дека може да очекуваат нова песна „во септември или октомври“.

За денешното издание на данскиот таблоид Ekstra bladet тој изјави дека „треба навистина многу време“ за да се направи видеоснимка со аватарите на членовите на бендот и додаде дека „премногу долго го одложуваа ова“.

Бендот претходно соопшти дека Улвеус, Бени Андерсон, Ани-Фрид Лингштад и Агнета Фалкстог повторно работат заедно и дека планираат виртуелна турнеја со нивни аватари.

Насловот на една од новите песни ќе биде „I Still Have Faith in You“.

„АББА“ најавија дека компјутеризираните ликови на четворицата членови на бендот ќе „настапуваат“ во емисии на BBC и NBC под името „Abbatars“.

Улвеус откри дека аватарите ќе изгледаат како членовите на бендот во 1979 година, кога последен пат беа на турнеја.

Групата се прослави по победата на Изборот за песна на Евровизија во 1974 година со песната „Waterloo“, а во текот на 70-тите имаа низа хитови како „Dancing Queen", „Mamma Mia", „Fernando", „Money, Money, Money", „Take a Chance on Me", „Chiquitita" и други. Членовите на бендот се разидоа во 1982 година.

Коментирај