ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Манчестер Јунајтед не планира да го отпушти Солскјер

„Црвените ѓаволи“ имаат ужасен старт сезонава, но управата нема намера да го промени стратегот освен ако ситуацијата не стане катастрофална.

Од Манчестер Јунајтед потврдија дека воопшто не ни размислуваат да му врачат отказ на тренерот Оле Гунар Солскјер. Според потпретседателот Ед Вудвард, за такво нешто би размислиле само доколку резултатите на тимот станат катастрофални.

Не се знае што во Јунајтед подразбираат под „катастрофа“ со оглед на тоа што тимот сезонава од 14 кола собра само 18 бодови и има дури 22 бода заостанување зад лидерот Ливерпул. Исто така, 8 бодови му бега местото кое води во Лигата на шампиони. „Црвените ѓаволи“ остварија 4 победи, 6 нерешени и 4 порази со гол-разлика од 21:17.

Веројатно, под „катастрофа“ управата на клубот подразбира пад во долниот дел на табелата и борба за опстанок. За клуб со реноме како Манчестер, моменталниот пласман секој навивач би го нарекол „катастрофа“. Поблиску се до зоната за испаѓање отколку до зоната која води во Лигата на шампиони бидејќи на 18-тиот Саутемптон му бегаат 6 бодови.

До таква катастрофа би можело да дојде уште во наредните две кола бидејќи Манчестер во среда го пречекува забрефтаниот Тотенхем на Жозе Мурињо, а потоа в недела има гостување кај локалниот ривал Манчестер Сити. Мурињо е желен за одмазда со оглед на тоа што пред една година доби отказ од Јунајтед и беше заменет токму со Солскјер, а за мотивите во гратското дерби не треба да се трошат зборови.

Сепак, според Ед Вудвард, дури и два пораза од овие натпревари не би резултирале со отказ за Солскјер. Тие веруваат дека Норвежанецот поседува квалитет на кој Манчестер може долгорочно да смета. Резултатите не доаѓаат преку ноќ, особено со играчи со какви што располага Солскјер. Вудвард откри дека Солскјер ја има довербата и управата ќе биде трпелива со него дури и доколку Манчестер сезоната ја заврши на средината на табелата.

За да му ја олеснат задачата на Солскјер, управата планира во јануари да го засили тимот со 24-годишниот централен дефанзивец Диклан Рајс од Вест Хем и со тинејџерот Џејдон Санчо кој игра како крило во Борусија од Дортмунд.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе