Марадона: Овие играчи не го заслужуваат дресот на Аргентина

Враќањето на Лионел Меси во репрезентацијата на Аргентина не донесе ништо ново – истата бледа игра, истите проблеми во составот и исти резултати. Поразот од Венецуела само потврди дека Аргентина не е велесила која припаѓа на врвот на светскиот фудбал, а Диего Марадона имаше многу што да каже на таа тема.

Марадона упати остри критики за играчите кои во моментов се дел од националниот тим на Аргентина, тврдејќи дека тие „не заслужуваат да го носат дресот на репрезентацијата“.

Откако беше учесник во финалето на СП 2014, формата на репрезентацијата на Аргентина бележи огромен пад. Минатата година беше пред тотален колапс, па бараше спас дури во последното коло од квалификациите за СП 2018, кога коцките се поклопија така што Аргентина сепак отпатува на Мундијалот. Но, ниту тоа не беше моментот на будење на играчите. Баш напротив, тие продолжија со разочарувачката игра и на првенството, каде беа елиминирани уште во првото коло од нокаут-фазата.

„Ме боли затоа што се чувствувам као Аргентинец одвнатре. Ама се чувствувам така поради генерацијата во која бевме јас, Оскар Ругери, Габриел Батистута и Клауди Каниџа, а не поради актуелната генерација. Овие нови играчи не го заслужуваат дресот на Аргентина“, рече Марадона.

Освен за играчите, Диего Марадона имаше критики и за раководството на аргентинската фудбалска федерација. Тој го обвини Клаудио Тапија, претседателот на федерацијата, за неуспесите на националниот тим во последните неколку години.

„Би ги дале животите за да го видиме Клаудио Тапија надвор од фотелјата, бидејќи тој нема поим што прави таму. Навистина ми е жал за аргентинските фанови, кои му веруваат на овој лажго“, додаде Марадона.

Лионел Меси се врати во репрезентацијата по неколкумесечна пауза, но само за натпреварот против Венецуела. Веднаш по натпреварот, тој пријави повреда и се врати во Барселона. Следниот натпревар на Аргентина е против Мароко и тој ќе се одигра утре (вторник, 26.03).

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе