„The Martian“ доби искрен трејлер
Screen Junkies објави брутално искрен трејлер за научно-фантастичниот филм „The Martian“, во кој главниот акцент е ставен на актерот Мет Дејмон.
Факт е дека „The Martian“, во режија на Ридли Скот, е еден од најинтересните филмови од 2015 година, но тоа не ја спречи екипата од Screen Junkies да го прикаже филмот на хумористичен начин, во нивниот серијал за „искрени трејлери“. Изгледа дека Мет Дејмон ужива во улоги во кои му треба спасување.