„Mary Poppins“ доби брутално искрен трејлер
Пред премиерата на „Mary Poppins Returns“ тимот на Screen Junkies објави брутално искрен трејлер кој се фокусира на првиот филм „Mary Poppins“ od 1964 година.
Во искрениот трејлер посочуваат како „Мери Попинс е нарцист кој никогаш не пропушта шанса да си го провери изгледот и ја опишуваат како дадилка која ги остава децата сами за да оди на состанок и ги дрогира пред спиење“.
Филмот е претставен на малку поинаков начин и го прикажува од сосема поинаква, урнебесна перспектива.