Наредната година на европскиот пазар би можела да се појави машина за перење алишта на која и е потребна само една чаша вода за вашите алишта да бидат блескаво чисти.

Оваа машина би можела да заштеди милијарди литри вода кои секојдневно се трошат залудно.
Развиена е технологија која користи само 10% вода и 30% енергија која ја користат конвенционалните машини за перење алишта. Доволна е само мала количина вода и детергент, а водата ја заменуваат пластични топчиња кои ги впиваат влагата и нечистотиите. Топчињата можат повторно да се употребат и до сто пати.
Компанијата заслужна за овој проект е Xeros. Првите машини кои планира да ги пушти во продажба ќе бидат наменети за хотелите и пералните, а од наредната година планира да ги пушти и во големопродажба.
Технологијата е развиена под водство на професорот Стивен Буркиншо од Универзитетот во Лидс.