Маск конечно го претстави електричниот пикап Tesla Cybertruck

На настан во Лос Анџелес, Елон Маск го претстави првиот целосно електричен пикап наречен Cybertruck. Цената на основниот модел е 39.900 долари.

Станува збор за шестиот автомобил на Tesla откако компанијата е основана во 2003 година, а воедно е и најголемиот експеримент. На пазарот ќе му биде ривал на Ford F серијата, која е најпродаван пикап во САД, подолго од 40 години.

Маск претходно изјави дека има намера да ја постави цената на основниот модел под 50.000 долари, а додаде и дека побарувачката за пикапот би можела да биде помала во однос на Model S и Model X.

На настанот одржан вчера Маск го претстави главниот дизајнер Франц фон Холцхаузен кој демонстрираше што може пикапот да издржи. Тој ги скрши прозорците, но куршумот не мина низ нив. Маск претходно тврдеше дека стаклата се отпорни на куршуми со калибар од 9 милиметри.

Основниот Cybertruck го придвижува еден електричен мотор, а од Tesla ветуваат досег од 402 километри. Верзијата со два мотора и погон на сите четири тркала ќе чини 49.900 долари со досег од 483 километри. Третата верзија има три мотори, погон на сите четири тркала и досег од 804 километри, за неа треба да се издвојат 69.900 долари.

Поевтините верзии ќе се појават на пазарот во 2021 година, а поскапите во 2022 година. Пикапот од 0 до 100 километри на час забрзува за помалку од 7 секунди во случај на послаб модел, а околу 3 секунди се потребни за најсилниот модел.

Маск претстави и целосно електрично ATV теренско возило кое може да се натовари на пикапот. Цената не е откриена.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Авто новости

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Read more

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе