Маск се правда зошто пукна „неуништливото“ стакло на пикапот Tesla

Се случуваат грешки, рече директорот на Tesla по неуспешниот тест за изджливост на прозоците на најновиот модел на американскиот производител на електрични возила.

Елон Маск на премиерата на пикапот Cybertruck во Лос Анџелес се најде во непријатна ситуација кога неговите тврдења дека возилото има неуништливи стакла беа демантирани од тест изведен на самото место, пред присутната публика.

Маск го претстави главниот дизајнер Франц фон Холцхаузен кој беше задолжен за демонстрацијата, но на големо изненадување на сите, а особено на Маск, стаклото на страничниот прозорец напукна кога во него беше фрлена метална кугла. За да биде срамот поголем, тестот го повторија и на задното стакло, кое исто така напукна.

Директорот на Tesla тврди дека знае зошто се случило ова. На претходната демонстрација што исто така беше изведена на премиерата, удираат со чекан во предната врата, што ја ослабува структурата на конструкцијата и затоа напукна предното странично стакло кога во него беше фрлена металната кугла.

Маск рече дека го згрешиле редоследот на тестовите – прво требало да ја фрлат куглата, а потоа да ја тестираат цврстината на челичните врати со чеканот.

Сепак, ова не даде објаснување зошто тогаш напукна задното стакло, кога тестот со чеканот не беше изведуван на тој дел од автомобилот.

Се претпоставува дека на задната врата не било намонтирано истото „неуништливо“ стакло како на предните, Маск „не го знаел тоа“, па по неуспешната демонстрација побрза да се оправда со втора која само го „закопа“ подлабоко.

Во неговите обиди да се оправда дека стаклото навистина е неуништливо (Маск претходно тврдеше дека стаклата се отпорни на куршуми со калибар од 9 милиметри), шефот на Tesla обави снимка од пробните тестови изведени непосредно пред премиерата на Cybertruck, на кое се гледа дека стаклото не напукнува.

Цената на основниот модел на првиот електричен пикап на Tesla е 39.900 долари, а Маск се надева дека овој модел ќе биде конкурентен на серијата Ford F, најпродаваниот пикап во САД во изминативе 40 години.

Основниот Cybertruck го придвижува еден електричен мотор, а од Tesla ветуваат досег од 402 километри. Верзијата со два мотора и погон на сите четири тркала ќе чини 49.900 долари со досег од 483 километри. Третата верзија има три мотори, погон на сите четири тркала и досег од 804 километри, за неа треба да се издвојат 69.900 долари.

Поевтините верзии ќе се појават на пазарот во 2021 година, а поскапите во 2022 година. Пикапот од 0 до 100 км/ч забрзува за помалку од 7 секунди во случај на послаб модел, а околу 3 секунди се потребни за најсилниот модел.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе