Маската во затворени простори останува единствена ковид мерка во Грција

Атина, 21 мај 2022 (МИА) – На почетокот на месецов Грција укина голем дел од рестрикциите за спречување на ширењето на COVID-19, а единствената мерка што сè уште е во сила е маската во затворени простори, јави дописничката на МИА од Атина.

За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека пак веќе два месеци е укинат и ПЛФ – формуларот. Истото важи и за внатрешноста на земјата, односно за влез во затворените објекти не е потребен документ за COVID-19, како што беше пракса претходно.

Единствената мерка што е актуелна кај јужниот сосед, а важи како за Грците, така и за туристите е задолжителната маска во затворените простори, како што се превозните средства, продавниците, супермаркетите, болниците и слично.

Казната за непочитување на мерката, односно неносење маска во внатрешните објекти е 300 евра.

Од 1 јуни, како што веќе соопшти министерот за здравство, ќе биде укината и оваа мерка, со што летото во Грција ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања.

Маската ќе остане задолжителна само во болниците, домовите за стари лица и јавниот градски сообраќај, а ќе се укине и за авионите и за превозните средства со нумерирани седишта, како што се возовите и меѓуградските автобуси.

За употребата на маската во образовните институции и во бродскиот сообраќај, Комисијата на епидемиолози ќе одржи нов состанок следнава седмица.

-Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече во средата министерот за здравство на Грција Танос Плеврис.

Сепак, укинувањето на мерките во Грција е привремено, бидејќи на есен, од септември, во зависност од текот на пандемијата, не е исклучена можноста одново да се воведат претходните рестрикции што се однесуваат на сертификатите и маските.

Доколку се направи анализа на секојдневните официјални податоци од Националната организација за јавно здравје, во изминатите десет дена во Грција беа регистрирани вкупно 43.104 случаи на Ковид-19, а почина вкупно 201 лице, што е во просек по 4.300 заразени дневно и 20 смртни случаи на дневно ниво.

Од ден на ден, според истите податоци, се намалува и бројот на пациенти приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.

Од почетокот на пандемијата, во земјата има 3.414.189 случаи на COVID-19 и 29.658 починати лица.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе