Стил

Maxim: Ова се трите најубави Русинки

11. јануари 2017 - 18:26 | Б.С.Б.

Рускиот магазин Maxim ги откри трите најзгодни Русинки во земјата. Руската поп ѕвезда Вера Брежнева е на прво место, пејачката Наталија Јонова на второ место, додека бујната 22-годишна убавица Анастасија Квитко заврши на третото место.

Брежнева е позната како пејачка која на Instagram ја следат над 7 милиони луѓе.

И Наталија Јонова е пејачка, а на руската јавност ѝ е позната под уметничкото име „Глукоза“. Таа е сопруга на нафтен тајкун со кој има две ќерки.

Анастасија Квиткова заврши на третото место, а е позната како модел со бујни облини. За нејзината фигура вели дека е целосно природна и одбива да држи диети и да слабее, иако повеќе модни агенции го бараат тоа од неа, пишува The Sun.

Коментирај