Еден потешко повреден и уште деветмина полесно повредени е билансот од инцидентот што се случил на локалниот пат во Горно Орашје, каде 61-годишен жител на Мала Речица со возило удрил во десет лица.
Инцидентот се случил околу 13 часот и 30 минути, а повредените се лица на возраст од 46 до 76 години.
М.Ј. (61) од Мала Речица управувајќи со патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешаците А.В. (75) од с.Јажинце, И.З. (76) од с.Непроштено, Џ.А. (58) од с.Доброште, Р.А. (73), А.А. (67), Р.М. (55), А.А. (71), Б.Н. (46) сите од с.Орашје, Ќ.М. (65) од с. Пршовце и С.Џ. (60) од Тетово, информира СВР Тетово.
Во инцидентот со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В. кој бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, додека останатите пешаци завршиле со полесни повреди.
Не е позната причината за инцидентот, ниту здравствената состојба на возачот.