Хроника

Маж од Рашче убиен во вооружен напад

25. април 2019 - 16:40 | МИА/КАЈГАНА

Скопје, 25 април 2019 (МИА) –Машко лице попладнево е убиено во вооружен напад на влезот на скопското село Рашче, општина Сарај.

Како што изјави порптаролот на МВР, Тони Ангеловски за МИА, екипи на МВР се упатени на местото на настанот и вршат увид.

Според првичните информации се работи за 65-годишен жител на селото.

Во него било пукано од џип со бугарски регистерски таблички, а потоа напаѓачите побегнале од местото на настанот.

Коментирај