МВР соопшти дека 54-годишен скопјанец е пронајден мртов на улица, без траги на насилство.
Според билтенот на МВР, на 10.11.2019 во 17:00 часот на улица ,,Среќко Пужалка“ е пронајден мртов А.А.(54) од Скопје.
Пронајденото безживотно тело е без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.