Еден човек им подлегна на повредите откако се самозапали пред палатата Кенсингтон, каде живеат принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт со децата, извести полицијата.
Инцидентот не се поврзува со тероризам, објави лондонската полиција, со објаснување дека кусо по полноќ биле повикани од болница во центарот на Лондон, од каде биле известени дека исчезнал пациент од еден оддел на болницата.
Полицајците излегле на терен и ја прегледале областа околу палатата, откако три часа подоцна биле известени од граѓани за сомнително однесување на маж во близина на палатата Кенсингтон.
Таму пронашле маж во пламен, кој се здобил со повреди опасни по животот.
Портпаролот на кралското семејство за медиумите изјави дека војводата и војвотката од Кембриџ не биле во палатата во времето кога се случил инцидентот.