Хроника

Маж силувал жена со заостанат психички развој

14. август 2017 - 13:44 | Макфакс

Маж, чиј идентитет не е познат, силувал жена во Велес со заостанат психички развој.

Според информациите на МВР, вчера околу 6:30 часот во Велес непознат сторител преку незаклучената врата влегол во куќата каде што биле Т.К. (48) и татко ѝ, и двајцата со заостанат психички развој.

Сторителот насилно извршил обљуба врз жената.

„По наредба на јавен обвинител, оштетената е однесена на лекарски преглед. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот“, информира МВР.

Коментирај