Живот

Мажите од овие хороскопски знаци се најголеми заводници

14. февруари 2019 - 13:25 | Б.С.Б.

Некои мажи имаат поголема харизма и шарм од другите, се издвојуваат од останатите по неверојатните вештини на заведување. Жените едноставно не можат да им одолеат на магнетската привлечност што тие ја имаат.

Еве за кои мажи станува збор, родените во овие три хороскопски знаци:

1. Бик

Иако не е свесен за тоа, Бикот спаѓа во врвните заводници во хороскопот. Спонтан и бавен во сè, тој полека но сигурно ги освојува припадничките на понежниот пол. Покрај него жената се чувствува посебно, особено кога ќе приреди вистински огномет од емоции и внимание.

Биковите имаат природна топлина во очите и понекогаш несвесно ги привлекуваат и оние кои не сакаат да ги привлечат. Нивниот шарм понекогаш може да испрати погрешна порака.

2. Близнаци

Ретко која жена може да одолее на шармантен Близнак. Мажите од овој хороскопски знак обожаваат да заведуваат и добро се снаоѓаат со зборови, секогаш знаат да раскажат некоја интересна приказна со која ги освојуваат жените.

Благодарение на нивниот интелект се издвојуваат од останатите, но најмногу се привлечени поради позитивниот став со кој засекогаш ја освојуваат нивната избраничка.

3. Шкорпија

Мажите шкорпии лесно ќе ги забележите, нивната магнетска привлечност не може да остави никого рамнодушен. Припадниците на овој знак имаат длабоки чувства и голема интуиција.

Во секој момент знаат за вашите потреби, во емотивна смисла се многу предадени на партнерката и сакаат да ја задоволат до максималните граници. Тие се најдобрите љубовници кога станува збор за сексот.

Коментирај