Францускиот репрезентативец Килјан Мбапе би сакал да ги одмери силите со легендарниот атлетичар Усеин Болт и да се натпреварува со него на трка на 100 метри.
Првиот играч на ПСЖ е свесен дека светскиот рекордер во најатрактивната спринтерска дисциплина е побрз од него, но смета дека трката би била многу забавна.
„Болт е голем шампион и навистина му се восхитувам на сето она што го направи во неговата кариера. Ова не го велам затоа што неодамна кажа убави зборови за мене, туку навистина го мислам тоа. Тој е еден од најголемите спортисти во модерната историја“, рече Мбапе, а потоа додаде:
„Што се однесува до самата трка, видов дека Болт рече дека би сакал му застанам на линијата и подготвен сум за тоа. Тој е секако побрз од мене, би ме победил без проблем, но мислам дека таа трка би била многу забавна, ајде да ја одржиме“.
Пензионираниот спортист од Јамајка сѐ уште го држи рекордот на трката на 100 метри, кој изнесува 9,58 секунди, што му го донесе епитетот „најбрзиот човек во историјата“, додека Мбапе истото растојание го има истрчано за 10,9 секунди.