McLaren 720S е аеродинамично ремек-дело благодарение на Prior Design

Prior Design подготви нови компоненти наменети за McLaren 720S, кои го прават уште поагресивен.

Многумина ќе речат дека златното правило на поседување автомобил е да се „остави на мира“. Ferrari дури им забранува на купувачите на „несоодветен“ начин да ги модифицираат неговите модели, но тоа богатите и славни понекогаш не ги спречува да си ги исполнат своите желби. Дури и многу популарните автомобили, како оние на McLaren, минуваат низ процеси на модификации преку кои добиваат нов body kit и подобрени мотори. Prior Design овој пат своето внимание го посвети на еден зелен примерок од McLaren 720S, а резултатот е нешто поумерен за разлика од некои минати проекти.

Remote video URL

Пакетот под името PD720R Aerodynamic Kit во потполност го трансформираше McLaren 720S. Напред е нов лип спојлер со доводи кој допринесува кон импресивниот изглед на автомобилот, на дел од браниците се интегрирани вентилациски отвори, а новиот преден капак има поинаков облик и изгледа многу поагресивно отколку стандардниот.

Изгледот на страничниот профил е унапреден со широки прагови, а назад е нов дифузор кој задниот дел од автомобилот го прави уште поагресивен благодарение на масивните перки. Prior Design го подготви и огромното задно крило, така што сега McLaren 720S го има еден од најдобрите задни делови во светот на суперавтомобилите. Ова крило ги прати природните облини на стандардниот автомобил, така што одлично се вклопува.

Пуристите ќе речат дека овие компоненти не се адекватно тестирани во воздушен тунел и дека веројатно негативно влијаат на перформансите, но со обѕир на фактот што суперавтомобилот го покренува 4,0-литарски V8 twin-turbo мотор кој развива 710 КС, тешко дека некој ќе примети разлика.

КОН ФОТО-ГАЛЕРИЈА

Компонентите нес е направени од јаглерод, туку под фиберглас.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Концепти

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Read more

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе