Медицинска сестра нападната од семејство на починат на КАРИЛ

Скопје, 8 ноември 2018 (МИА) – Медицинска сестра рано изутрината физички и вербално била нападната од семејство на пациент кој починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). 

Инцидентот се случил пред влезот на нејзиното работно место на одделот за интензивно лекување, а денеска најостро го осудија министерот за здравство Венко Филипче, раководителот на Клиниката, Маја Мојсова, како и целиот персонал во таа јавна здравствена установа.

„Медицинската сестра не се здобила со тешки телесни повреди. Таа сега ќе оди на боледување и на психијатриска проценка за да можеме да и помогнеме во овој процес да соочи со ваквата ситуација. Таа била буквално изненадена од нападот. Многу е вознемирена, како и целиот персонал. Денес се работи во тешки услови. Во суштина многу често се случуваат вакви работи. На Ургентен и на КАРИЛ сме на удар на роднините на пациентите. Сите пациенти кои доаѓаат кај нас се најтешко болните. Најостро го осудувам овој акт кој е осуден и од целиот персонал на КАРИЛ. Сакаме поголема заштита. Апелираме до граѓаните да нè остават да ја работиме нашата професионална работа. Никој не може добро да работи кога има ваков мобинг, ниту пак закани по живот и семејство“, изјави д-р Мојсова.

Филипче рече дека го осудуваат секој вид насилство врз здравствените работници. Според него, тоа не е начин на комуникација, ниту начин на решавање на проблемите посебно не со медицински персонал кој деноноќно се бори за животите на најтешките пациенти. Посочи дека ја разбира болката на семејството, меѓутоа ова не е начин на кој каков било проблем може да се реши.

„Со министерот за внатрешни имав телефонски разговор и во текот на денот или утре ќе ги разгледаме сите алтернативи кои ни се на располагање за да ја зголемиме безбедноста тука во кампусот и на критичните места на клиниките, пред се мислам на Ургентниот центар и таму каде во текот на ноќните часови има најголема фреквенција на пациенти. Не може да се забрани посета. Сметам дека најсодветно е тоа да бидат припадници на МВР и во таа насока ќе биде дискусијата“, додаде Филипче. 

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе