Медведев: Русија нема да учествува во копнена операција во Сирија

Руски воени советници се присутни на теренот во Сирија, меѓутоа вооружените сили на Руската Федерација нема да учествуваат во антитерористичка операција во ова земја, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за германскиот дневен весник Handelsblatt.

„Ние не сакаме да учествуваме во копнена операција, таму има само наши советници“, вели рускиот премиер, кој беше на претседателската должност во периодот од 2008 до 2012 година, кога повторно го замени на чело на владата актуелниот шеф на државата Владимир Путин.

Притоа Медведев истакнува дека операциите на руските воздухопловни сили во Сирија „немаат неограничен карактер“.

„Операцијата, секако е привремена, таа во прв ред е од локална природа, со користење на авиони и во некои случаи проектили (истрелани од подморници и бродови во Средоземното и Каспиското Море). Инаку кажано, таму гледаме многу важна, но истовремено и локална задача“, појаснува.

Премиерот потсетува дека „Русија е инволвирана во сирискиот конфликт за обезбедување на своите национални интереси“. Притоа Медведев појаснува дека станува збор за борбата со верските екстремисти.

„Знаеме дека оние што заминале во Сирија, а такви ги има барем неколку илјади луѓе, бројките се различни, затоа што секако не можеме да знаеме за сите, ќе се вратат како зомби убијци кои ќе го прават она што порано го правеа на Кавказ, во Москва и во други градови, она што го сторија во Париз, во САД, всушност по целиот свет“, вели Медведев..

„Затоа рускиот претседател одлучи да одговори на барањето на сирискиот претседател и беше донесена одлуката да се учествува во таа борбена операција“, ги појаснува рускиот премиер мотивите на Москва за преземање на воздушните удари врз позициите на екстремната сунитска група Исламска држава на сириското боиште.

Според процената на руското разузнавање, најмалку четири илјади лица од претежно муслиманските кавкаски републики и другите централно азиски земји од поранешниот Советски сојуз заминале на сириското боиште во редовите на Исламската држава.

Кавкаскиот емират е најозлогласената терористичка организација којашто дејствува на Северен Кавказ. Беше прогласен во 2007 година и ја презема одговорноста за повеќето големи терористички напади во Русија во којашто загинаа стотина луѓе, меѓу другите и експлозијата на меѓународниот терминал на московскиот аеродром Домододево во 2010 година.

Според руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), повеќето од командантите на Емиратот Кавказ годинава ѝ изразиле лојалност на џихадистичката Исламска држава.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе