Меерс: Што прави Обама сега кога Трамп е претседател?
Џордан Пил еден од комичарите од шоуто Key & Peele, кои меѓу другото станаа познати и по одличните имитации на поранешниот американски претседател Барак Обама. Сега додека Џордан гостуваше кај Сет Меерс, водителот на Late Night шоутo го замоли да направи уште едно имитирање на претседателот.
„Што мислиш, што прави сега Барак Обама и што мисли за ситуацијата во САД во моментот“ - праша Меерс, а Пил му врати со уште едно одлично парче имитација.