Меган Фокс пак е свршена: Си ја пиевме крвта

По една и пол година врска, омилената неоготска двојка на интернетот ја соопшти свршувачката.

Актерката Меган Фокс на Instagram објави видео од свршувачката која се случила во вторникот, на 11 јануари. Во видеото, раперот Машин Ган Кели клекнува на колено и ѝ подарува прстен. Фокс потоа клекнува на колена за да му се придружи, додека тој ѝ го става прстенот.

„Во јули 2020 година седевме под ова дрво. Посакавме магија. Бевме несвесни за болката со која ќе се соочиме заедно во толку краток, хаотичен временски период“, напиша Фокс во коментар под видеото. „Не знаејќи за трудот и жртвите што врската ќе ги бара од нас, но опиени од љубовта. И кармата. Некако, една и пол година подоцна, откако заедно поминавме низ пекол и се смеевме повеќе отколку што замислував дека е можно, ме запроси. И во секој живот пред овој, и како и во секој живот што ќе следи, реков да.“

Таа исто така откри дека секој од нив се напил од крвта на другиот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)

На типичен начин за нивната врска - која постојано е проткаена со темите крв, сатанистички ритуали, канабис и готски реквизити - таа го заврши постот раскажувајќи на необичниот начин на кој ја запечатиле својата заедница.

Во својата објава на Instagram, Кели сподели и видео од Фокс и вереничкиот прстен со два скапоцени камења: нејзиниот камен, смарагд и неговиот камен, дијамант. Скапоцените камења се поставени на две „ленти од трње“ кои означуваат „две половини од иста душа што го формираат нејасното срце што е нашата љубов“.

URL

Фокс (35) претходно беше во брак со актерот Брајан Остин Грин, од кој двапати се разведуваше. Вториот развод беше финализиран лани во октомври. Двојката има три заеднички деца.

Машин Ган Кели, чие вистинско име е Колсон Бејкер, има ќерка од една претходна врска и ова ќе биде прв брак за 31-годишниот рапер.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Филм & ТВ

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Read more

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Read more

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Read more

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џереми Кларксон го обожаваат мажените Британки, го изгласаа за најсекси маж во светот

Читај повеќе

Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод: Таа не може да го контролира, а тој не може да ја смени

Читај повеќе

Во тек е конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ 2024“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како изгледа денес убавицата од оригиналниот Top Gun од 80-тите?

Читај повеќе

Николас Кејџ ќе стане Marvel суперхерој

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор трејлер за новата сезона на House of the Dragon

Читај повеќе
  • filter

Роуз Бертрам победи во категоријата најдлабоко деколте во Кан

Читај повеќе
  • play_arrow

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џим Кери за еден од неговите најпопуларни филмови: Сценариото беше ужасно!

Читај повеќе