Останати спортови

Мекгрегор предизвикан од сонародник, најави враќање од пензија

20. август 2019 - 10:09 | Ф.З.

Ирецот Лук Келер, првак во средна категорија, го предизвика на двобој Мекгрегор кој во март годинава објави дека заминува во пензија.

Келер се решил на предизвик откако видел како Мекгрегор се пресметува со повозрасен човек во паб. Прво го предизвика преку Twitter, на што Мекгрегор се изнервирал и веднаш му се јавил па и го прифатил предизвикот.

Допрва треба да го одредат датумот и местото на борбата, а Келер се сомнева дека Мекгрегор на крајот ќе се повлече.

Ваква борба би била многу поразлична од сите останати бидејќи во прашање е ирската гордост за која ќе се борат двајца Ирци.

Коментирај