Останати спортови

Мекгрегор уште се правда за поразот од Хабиб: Три недели пред борбата го скршив стапалото

11. април 2019 - 14:59 | А.С.

Ирскиот ММА борач Конор Мекгрегор очигледно не може да се помири со поразот од Хабиб Нурмагомедов што го доживеа во октомври минатата година.

Тој има ново „алиби“ зошто доживеа тежок пораз од рускиот ривал: три недели пред борбата со Нурмагомедов, родум Чеченец, здобил тешка повреда на стапалото.

Мекгрегор оваа информација ја сподели на Twitter, каде често одговара на прашања од фановите. Тој исто така рече дека таа вечер тој „последен удрил“ и тоа во братот на Хабиб, во општата тепачка што настана по борбата.

„Го скршив стапалото три недели пред борбата против Хабиб, ама не се откажав, туку напротив, јас последен удрив таа вечер и тоа во брат му. Задоволен сум од тоа како помина борбата и научив лекција, а тоа е најважно, за подготовките пред меч. Времето ќе покаже сѐ“, гласи неуверливата порака на Мекгрегор.

Коментирај