Меколи Калкин е повторно сам дома во новата реклама на Google
Google денеска ја објави новата реклама за нивниот Google Assistant, кој може да ја поврзе и контролира технологијата во вашиот дом. Рекламата е всушност омаж за популарниот „Home Alone“ и во неа се појавува Меколи Калкин.
Иако домашните асистенти на Amazon и Apple можат да го направат истото како и Google Assistant, сепак тие немаат реклама во која се појавува Меколи Калкин во улогата на постар Кевин Мекалистер.