Филм & ТВ

Мел Гибсон прогласен за режисер на годината

2. јануари 2017 - 10:02 | Б.С.Б.

Мел Гибсон е прогласен за режисер на годината за воената драма „Hacksaw Ridge“. Признанието му е доделено од Меѓународниот филмски фестивал Капри Холивуд. Наградата во негово име ја прими продуцентот Бил Механик, кој беше прогласен за продуцент на годината.

„Ми беа потребни 15 години за да го направам овој филм. Мел ќе биде многу среќен поради наградава. Отсекогаш сметав дека тој е вистинскиот избор за овој филм, но мојата понуда ја прифати по многу долго убедување“, изјави Бил на доделувањето.

Hacksaw Ridge“ ја следи приказната за Десмонд Дос, кој го толкува Ендру Гарфилд, човек кој спасил 75 луѓе во битката во Окинава без да употреби оружје. Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Венеција, а заработи 64 милиони долари на домашен пазар, 78 милиони долари на меѓународно ниво, како и 40 милиони во Кина.

Филмот е гламурозно враќање на Мел Гибсон во Холивуд.

Коментирај